За Нас

Успешната приказана започнува од крајот на 2003 година реализирана од Бранко Карапејоски. Со идеа за сопствен бизнис чија основна дејност е електростатско пластифицирање на метални елементи,  денес прераснавме во мала компанија која изработува метална галантерија што одговара на барањата на клиентите на домашниот, но и на странскиот пазар.

 

Се наоѓаме на нова локација во с. Селце – Прилеп, на патот за манастирот Св. Димитрија.

 

Со постепено надоградување во современа производствена опрема, изградба на професионални кадри и со долгогодишна работа и труд, изградивме модерна метално производствена компанија која континуирано го подобрува квалитетот на своите постојани производи и создава нови.

Од нашата широка палета на сопствени производи, на македонскиот пазар можеме да се издвоиме како најголем производител на држачи за клима уреди.

Во присуство на голема конкуренција на пазарот, главна цел на Деко- Мета е задоволување на специфичните барања и потреби на своите клиенти и освојување на нови пазари.